Автомобилската трка на Водно заврши со двајца повредени посетители

0
20

По повод ослободувањето на Градот Скопје, викендов беа организирани трки на Водно каде настанот падна во сенка поради инцидентот кој се случи на почетокот од натпреварувањето.

За време на трка на падините на Водно, возач на „југо“ удрил во ѕид по што повредил две лица. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 11.45 часот. Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од „Панорама“ до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т. (36) од Скопје, управувајќи „југо“, изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во Ј.Н. (39) и А.М. (38) од Скопје.

Loading...

Со возило на итната медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. телесни повреди. Од страна на екипа од СВР Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Според информациите повредените се движеле непрописно во забранетата зона за пешаци, поради што се случила несреќата.

Инаку, по неколкучасовен прекин трките биле продолжени, но било одлучено да се извози само првата рунда поради раното стемнување.

Имено, овој ридско – брзинскиот натпревар во автомобилизам се бодува за шампионатот на Македонија и е во рамките и на одбележувањето на празникот „Ослободување на Град Скопје – 13 Ноември”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here