Адел и сопругот Сајмон Конеки се разделуваат после 7 години

Адел се разведува од Сајмон Конеки. 30-годишната пејачка и 45-годишниот претприемач и филантроп објавија дека се разделија. Заедно имаат едно дете.

„Адел и нејзиниот партнер се разделени. Тие се посветени да го растат нивниот син заедно со љубов. Како и секогаш, од вас бараат приватност“ – стои во соопштението за медиумите од нивните претставници.

Loading...

Адел и Сајмон започнаа врска кон крајот на 2011 година. Во јуни 2012 година, таа објави дека го очекуваат првото дете, а во октомври истата година им се роди синчето Анџело.

Откако извесно време кружеа гласини дека запливаа во брачните води, во 2017 година Адел ја потврди веста за бракот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here