Аланис Морисет бремена на 44-години

loading...

Аланис Морисет соопшти во Инстаграм дека е бремена со нејзиното трето дете, објави Асошиејтед прес.

Таа постираше слика како пее , каде што нејзиниот заоблен стомак е добро видлив.

Loading...

„Толку многу нови работи“, напиша Аланис, додавајќи емоџи срце и молитва.

Аланис Морисет има син и ќерка. Синот Евер Имре има осум години, а нејзината ќерка Оникс Солас ќе наполни три во јуни.
Пејачката не издала албум од 2012 година, кога излезе „Havoc and Bright Lights“.

Аланис Надин Морисет e родена на 1 јуни, 1974, во Отава. Taa e канадска пејачка, текстописец, музички продуцент и повремена глумица. Позната е по создавањето на еден од најпродаваните албуми во историјата на музичката индустрија, и има освоено и седум Греми награди.

Кариерата ја започнува во Канада, кога уште како дете снима два денс-поп албуми, Alanis и Now Is the Time, под издавачката куќа „MCA Records“. Нејзиниот меѓународен деби албум е Jagged Little Pill. Продаден е во триесет милиони примероци, со што е најдобропродаваниот деби албум од женски изведувач.[

Морисет ја презема и должноста на продуцент за нејзините следни албуми, меѓу кои се Supposed Former Unfatuation JunkieUnder Rug Swept и So-Called Chaos.

Има големо влијание врз успехот на неколку пејачки и женски текстописци во првата деценија од XXI век, како Кели Кларксон, Мишел Бранч, Пинк и Аврил Лавињ.

Да се потсетиме на еден од нејзините најголеми хитови:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here