Бизарна смрт: Се прослави со искачување по планини во бикини, а умре од смрзнување на планина (ФОТО)

0
36

Триесет и шестгодишната Џиџи Ву, позната под името „планинарка во бикини“, загинала додека се обидувала да се качи на планината Јушан.

Таа стана славна на Интернет качувајќи се по планини во бикини, а цело време објавуваше фотографии на социјалните мрежи.

Loading...

36-годишната Ву паднала од тајванската планина Јупен во саботата, а нејзиното тело без знаци на живот е пронајдено во понеделникот. Според изјави на надлежните за медиумите, по падот, таа се јавила кај пријател да побара помош, но не можела да се движи поради повреди на долниот дел на телото.

На Бадник таа споделила слика на која се гледаат модринки кои ги добила од паѓање, признавајки дека имала среќа што преживеала.

Причина за смртта на Џиџи Ву било смрзнувањето.

Командирот на спасувачките служби Лин Ченг рекол дека Џиџи била пронајдена на речиси 2.000 метри надморска височина, а дека температурите таа ноќ паднале на два степени.

Тим за спасување беш испратени откако хеликоптерите на Блек Хок не беа во можност да полетаат поради лошите временски услови

Во текот на 2018 година, Џиџи поминала дури 127 дена планинарејќи a во изминатите 4 години се искачила на 100 врва фотографирајќи се во 97 бикини. На „Фејсбук“ има над 14.000 следбеници.

Овој трагичен настан е потсетник колку одат далеку некои луѓе само за да стекнат слава на социјалните мрежи.

Фотографи од Џиџи Ву:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here