Бизарни ритуали и обичаи во светот: Отсекување прсти, машка менструација, прошетка со мртвите, чедоморство…

Во денешно модерното време, тешко е да се поверува дека во светот сè уште има застрашувачки и ужасни ритуали и обичаи кои ги почитуваат некои култури или сè уште постојни племиња. Ова се некои од најчудните ритуали и обичаи што опстојуваат во одредени делови на светот.

Припадниците на племето Дани ги сечат прстите кога се во жалост

Loading...

Луѓето од племето Дани, кои живеат во западна Нова Гвинеја, имаат навистина уникатен процес на жалост за мртвите. Традиција е постарите жени да сечат делови од прстите за да покажат дека жалат за смртта на некој близок.

Мажите скокаат над бебињата во Бургос, Шпанија

Традицијата наречена „ El Salto del Colacho “ или „Скок на ѓаволот“, се практикува во Шпанија, во градот Бургос. Маж облечен како ѓавол скока над бебињата родени таа година. Тоа е католичка традиција на чистење на бебињата од нивниот прв грев, со што им се обезбедува заштита до крајот на животот.

Прошетка на мртвите во Индонезија

Народот Тора од јужен Сулавеси, Индонезија имаат многу чуден и комплексен обичај. Имено, секоја година, за време на церемонијата на чистење лешевите, се вадат мумифицираните тела на нивните најблиски, им се дава храна, се облекуваат во нова облека и шетаат низ селото со нив, а потоа ги враќаат во нивните гробови.

Племето „Јаномамо“ практикува канибалистички погреб

Племето „Јаномамо“ е една од оние култури што антрополозите сакаат да ја проучуваат затоа што нивната култура е добро документирана. Тие живеат во Амазон и ги оплакуваат своите мртви кремирајќи ги, потоа ја мешаат нивната пепел со алкохол и ја пијат. На тој начин, духот на саканите сè уште може да живее со нив.

Мажите Вогео и Мардуџара предизвикуваат менструален циклус

Овие племиња од Нова Гвинеја имаат бизарен обичај, ритуал што предизвикува машката менструација. Бидејќи ова физички е невозможно, тие го потсесекуваат пенисот за да имитираат менструација. Постојат бројни објаснувања за овој обичај, но најчесто се поврзува со ритуалот на прочистување.

Племе од Бали им ги стружи забите на својот народ

Оваа церемонија е единствена кај балиските хиндуси и го симболизира преминот од животно во човек, а нивните заби се исто така симбол на човечки зла како што се лутина, злоба и алчност….

Жените од племето Тапирапе веруваат дека децата имаат повеќе татковци

Идејата дека детето може да има повеќе татковци е вкоренето во ова племе и се верува дека секое дете ги има карактеристиките на сите мажи со кои спиела мајката. Тие исто така веруваат дека детето ќе биде посилно доколку повеќе семени течности се вклучени во неговото зачнување. Ова племе дозволува и хомосексуалните односи а на секоја мајка и е дозволено да има највеќе три деца.

Жените од племето Шерпа можат да имаат повеќе сопрузи

Многумина слушнале за полигамија, но не и за полиандрија. Овој термин означува дека жената може да има повеќе сопрузи, што е доста честа појава во регионите со ограничени ресурси. На пример, ако имотот на ова племе од Непал се дели меѓу синовите, тогаш на нивната заедница нема да остане доволно земја. Затоа браќата се венчаат со иста жена, се грижат за неа и нејзините деца.

Луѓето се дупчат на фестивалот Таипусам

Тамилските хиндуси на нивниот фестивал Таипусам практикуваат дупчење на делови од телото. Фестивалот ја слави хинду-божицата на љубовта, Парвати, која му дава на Муруган, богот на војната, копје за да го уништи демонот.Тие го слават овој настан или со тоа што носат товар на главата одејки го патот на честа или со пробивање на нивната кожа.

Жените во некои делови на Индија практикуваат чедоморство

Чедоморство на женските бебиња сеуште се практикува во култури каде имањето на женско дете е закана за здравјето на целото племе. Сиромашните племиња немаат ресурси да ги хранат новородените девојчиња и нејзините идни деца која би ги имала па затоа се “ослободуваат” од женските бебиња. Друг случај е дека ако семејството не може да се договори за добар мираз со семејството на потенцијален сопруг, тогаш им е полесно да ја убијат девојката. За нив, тоа е исто како абортусот.

Шиитските муслимани се самоповредуваат на денот на Ашура

На десеттиот ден од Мухарам, првиот месец од исламскиот календар, шиитските муслимани го практикуваат ритуалот на самоповредување и со тоа ја оплакуваат смртта на внукот на Мухамед. Некои ја сечат главата за да ја покажат својата тага затоа што не беа таму за да го прифатат смртоносен удар наместо него.

Ова се само дел од бизарните и застрашувачки ритуали и обичаи кои сеуште се практикуваат во делови од светот.

www.gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here