Ловечко куче застрела ловец со ловечка пушка.
Тројца ловџии од Пробиштип правеле пауза, па ги оставиле пушките потпрени на дрво. И тогаш се случила бизарна несреќа кога ловџиското куче турнало една пушка која испукала и го погодила 69 годишниот ловџијата во тилот.
Неговите пријатели го префрлиле во болница, каде му е санирана повредата..
Ова е само еден од низата несреќи што зачестија откако од пред неколку денови и официјално беше означена ловечката сезона. Непочитувањето на основните правила при лов,за поголема безбедност на учесниците во него, донесе повеќе работа на хирурзите и неврохирурзите.
Loading...
Повеќе на оваа тема во видеото од вестите на Канал 5 од разговорот со Ване Јованов секретар на ловечкото друштво од Штип.