Вечерва почнува „Твоето лице звучи познато 5“ – учесници сите најдобри натпреварувачи до сега

Вечерва 04.10.2019 петок на прва тв, започнува новата “All stars” сезона на забавното регионално шоу “Твоето лице звучи познато”. Овојпат ќе ги гледаме најдобрите натпреварувачи од претходните четири сезони во повторна битка за најдобра имитација и освојување на хуманитарни награди.

Ненад Пагонис, Едита Арадиновиќ, Ненад Кнежевиќ –Кнез, Ивана Петерс, Катарина Богиќевиќ, Жељко Шашиќ, Алекса Јелиќ, Драган Којиќ-Кеба и нашиот Даниел Кајмакоски се десетте учесници во шоуто, кое ќе се емитува на прва српска тв и најгледаните телевизии во регионот а кај нас ќе се емитува на сител тв во недела во 21 часот .

Loading...

Нивните настапи ќе ги коментира и оценува постојано тричлено жири и во секоја епизода ќе им се придружи четврти член гостин.

Во жирито годинава ќе биде српската актерка Дубравка Мијатовиќ која е задолжена за оценување на имитицијата, вокалните способности ќе ги оценува Душан Алагиќ, а мултимидијалниот уметник Урош Ѓуриќ секој настап ќе го коментира од различни аспекти.

Даниел Кајмакоски беше победник во 2016 година, а освоените 25 илјади евра ги донираше во хуманитарни цели за лечење на две дечиња од Куманово. Во текот на ова шоу имавме прилика да го гледаме во разни имитации со кои воодушеви пред публиката.

Даниел имавме прилика да го видиме во улога на Тина Тарнер, Принц, Бруно Марс, Мајкл Џексон и во улога на многу други светски ѕвезди.

„Предизвици секогаш ќе има и треба да ги има во животот, со нив растеме и се надминуваме себе си. Суштината беше тоа да се прифатат тие предизвици колку и да се тешки, затоа немам некоја посебна желба која имитација да ми се падне. Повеќе се препуштам на искусната екипа на “ТЛЗП“ бидејќи најинтересни се секогаш најтешките имитации“ изјавил Кајмакоски за потралот вистина.мк.

Пејачот изминатиов период во кратките приказни и фотографии на „Инстаграм“ споделува што се случува на снимањето на „ТЛЗП 5“, но сепак не открива премногу детали.

Деталите ги гледаме вечерва на прва тв а во недела со превод на сител.

www.gossip.mk Фото: Инстаграм

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here