Веќе еден месец има син а не ни знаевме дека се оженил!?

Хип-хоп музичарот Тони Зен пред еден месец станал татко. Тој неодамна се оженил, а неговата сопруга го родила синот Јасен.

Музичарот скоро никогаш не зборувал за својот приватен живот во јавноста, па веста за свадбата и раѓањето на синот долго време ја држеше во тајност.

Loading...

Убавите новости ги потврдил и музичарот:

“Телевизиска екипа сакаше да снимиме интервју, новинарката ме праша дали сум заљубен, па ѝ одговорив дека сум заљубен дека се оженив и дека имам син“, изјавил Зен за „Репортер“.

-“Имаме син, има четири недели. Навистина не сакам да се експонирам на овој начин, за приватниот живот никогаш многу не сум зборувал”, изјавил Тони за женски магазин.


Неговата избраничка односно сопруга се вика Валентина

Музичарот најави и дека наскоро ќе промовира нов албум.

„Албумот е готов, песните се снимени и во моментов се печати. Ќе го промовирам по празниците“.

Повеќе од приказната на 1тв со кои ја споделил ова убава информација од приватниот живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here