Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс ја промовираа песната и спотот за песната “Копито“. Сите се прашуваа каков ќе биде спотот и сега го имаат одговорот. Стил кој соодветствува на проектот на Принц “Femme Fatale“.

„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку, од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук“, рече неодамна Сара за соработката со Принц.

Loading...

Песната “Копито“ е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс. Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Аудио и видео продукција на AleXanDeR.

Спотот се снимаше во аква-паркот „Борис Трајковски“ а се појавуваат 20 статисти.

Ова е одлична прилика да се потсетиме и на некои од песните на Александар Ристовски – Принц

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here