На прв поглед сосема обичен, на втор поглед може и ќе се разочарате. Намената на овој овој паричник е да го спречи својот сопственик да потроши премногу пари.

Овој паметен паричник е поврзан со апликација наречена Заим која е компатибилна со Епл и Андроид уредите.

Loading...

Доколку сте “кратки“ со пари, овој паричник ќе се погрижи да не потрошите баш се што имате (тешко дека ќе успее во намерата ама.. ) тој ќе почне да бега штом ја почувствува вашата рака во близина. Ако на овој начин не успее да го спречи својот сопственик и тој повторно посегне по пари, паметниот паричник во тој момент ја повикува неговата мајка или со мејл известува за кризни моменти.

Меѓутоа ако во паричникот има доволно пари тој од состојба на штедење преминува во режим на потрошувач и тогаш од него се слуша симфонија на Бетовен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here