Внимавајте како се сончате на плажа, може да изгорите и кога е облачно

Со желба за потемен тен многумина во летниот период се склони кон прекумерно изложување на сонце. Дали припаѓате во оваа група луѓе на кои главна активност на плажа им е сончањето? Прочитајте го текстов и подобро размислете дали ќе сакате толку многу време да поминувате изложени на сонце.

Една нова студија спроведена од британскиот центар за истражување на ракот покажало дека бројот на заболени од меланом на кожата во Англија од 2004-та година пораснал за 45% како и дека ракот на кожата е втор најчест рак кај луѓето на возраст од 25 до 49 години.

Loading...

Сепак, експертите истакнуваат и дека во 90% од случаите појавата на рак на кожата би можела да се спречи само со заштита од сонце во текот на летото, но и во остатокот од годината. Добро е познато дека пред сончање потребно е да се нанесе крема со заштитен фактор, но за да бидете целосно сигурни дека сте ги презеле сите потребни мерки за да ја заштитите кожата од штетните сончеви зраци, мора да прекинете да верувате во овие популарни митови за сончањето.

1. Ако еднаш изгорите на сонце нема да ви се случи ништо
Изгорениците од сонце нема да предизвикаат рак на кожата, но ќе го зголемат ризикот од него, особено ако сте помлади. Дерматолозите наведуваат и дека едно неодамнешно истражување спроведено на речиси 100 илјади луѓе покажало дека само едно горење на сонце во период помеѓу 15 и 25 години може да го зголеми ризикот од рак на кожата за повеќе од 50%.

Затоа секогаш е важно да ги преземете дополнителните мерки за заштита на кожата, особено ако веќе во минатото сте имале изгореници.

2. Нема да изгорите под сенка
Многу луѓе веруваат дека е невозможно да се изгори под сенка и се кријат од штетните сончеви зраци под чадор за сонце или под сенка од некое дрво. Тоа воопшто не е точно – предупредуваат дерматолозите.

Тие додаваат и дека не мора да бидете изложени на сончеви зраци за да се изгорите. Околните површини како што се песокот и морето рефлектираат УВ зраци кои можат да предизвикаат оштетување на кожата дури и ако сте под сенка.

3. Не можете да изгорите кога е облачно
Не само што можете да изгорите кога е облачно туку можете да добиете уште полоши изгореници отколку на сонце бидејќи сте помалку свесни за штетните УВ зрачења. Она што мора да го знаете е дека низ облаците минуваат дури 80% сончеви зраци, па е потребно да се нанесе заштитен фактор и кога е облачно.

4. Препаратите за сончање со висок заштитен фактор не е потребно слоевито да се нанесуваат
Ниедна крема за сончање не е 100% ефикасна, дури ни тие што ветуваат целодневна заштита. Потребно е секоја крема да се нанесува неколкупати дневно и тоа задолжително после секое излегување од вода. Дури и кога сте намачкани со крема со висок заштитен фактор не би смеело предолго да бидете изложени на сонце бидејќи таа само ќе го одложи, но нема да го спречи оштетувањето на кожата. Дерматолозите додаваат и дека облеката е дополнителна заштита од сонцето.

5. Ракот на кожата нема да ви се случи вам
Секој може да добие рак на кожа – предупредуваат дерматолозите и советуваат за сите промени и неправилности на кожата, како и за сомнителните бенки, задолжително да се обратите на дерматолог.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here