Голем број граѓани наседнаа на лажна  веб страна и на своите Фејсбук профили објавуваа дека купиле билети и му се заблагодаруваа на „Визер“ за промоцијата. При купување на картите тие на лажната страна ги внесуваа и податоците од картичките.

Но за кусо време, дел од граѓаните кои купиле билети открија дека станува збор за измама и лажна интернет страна, па масовно вртеле по банките да им ги блокираат картичките.

Loading...
Оваа е лажна промоција, која се појави вчера на социјалните мрежи.
Предупредување објавено на социјалните мрежи
Вака изгледа лажна интернет страна со слично име како нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ на која пишува дека нудат два авионски билети само за еден долар.
Коментари од корицниците на социјалните мрежи: “Еве ги бе, спремни”
Ина многу фина со коментар

Некои од банките веќе објавија предупредување до своите корисници за можни измами и препорачаа да се внимава.

Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет продавница јавете се веднаш во вашата банка со цел блокирање на картичката и спречување на понатамошна злоупотреба на вашите средства.

Во Министерството за внатрешни работи велат дека до сега кај нив никој не пријавил случај за лажната страна.

„Ние постапуваме доколку има пријава до нас. За овој случај со продажба на билети за еден долар од ’Визер‘ немаме пријава“, велат од МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here