Во Египет откриена гробница стара 3.000 години со совршено зачувани мумии (ФОТО+ВИДЕО)

0
14

Во древна египетска гробница стара над 3.000 години археолозите дојдоа до најново откритие – најдоа два саркофази со мумии во „совршена состојба“, пренесуваат агенциите.

Тимот археолози од универзитетот на Стразбур ги открил мумиите неодамна во долината Асасиф кај градот Луксор, пренесува Би-би-си.

Loading...

Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети Мостафа Азири изјави во саботата на прес конференција дека археолозите до најновото откритие дошле за време на работа на таа локација која почнала во март.

За време на археолошките ископувања во истата гробница биле најдени и околу 1.000 погребни статуи.

Експертите сметаат дека гробницата ѝ припаѓа на 18-тата египетска династија, која владеела од 1550 година пред новата ера до околу 1.300 година пред новата ера.

Пред две недли, во неодамна откриените древни гробници во близина на Каиро археолозите најдоа колекција на мумифицирани мачки и скарабеи, стара повеќе од 4.000 години.

Тогаш беа откриени седум саркофази во пирамидалниот комплекс на кралот Усеркаф, а три од нив содржат мумии на мачки.

Планирано е продолжување на истражувњата на неодамна откриената локација во Сакара, каде археолозите открија врата која води во друга гробница, која и понатаму е запечатена, а која планираат да ја отворат во следните недели.

Луѓето во древниот Египет биле мумифицирани за да се сочуваат нивните тела за животот по смртта, додека животните биле мумифицирани за принесување на жртви на боговите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here