Вртоглави суми: Видете колку заработуваат најплатените фудбалери!

0
28

Магазинот „Франс Фудбал“ традиционално ја откри листата на најплатените фудбалери и тренери во фудбалот оваа сезона.

Кога станува збор за тренерите, изненадувачки, на првото место се најде Диего Симеоне, а следуваат Жозе Мурињо, Тиери Анри, Пеп Гвардиола и Ернесто Валверде. (ОВДЕ).

Loading...

На врвот кога се во прашање играчите број еден е капитенот на Барселона Лионел Меси, кој на име на плата, премии и спонзорски договори за 12 месеци инкасирал 130 милиони евра.

Втор е Кристиано Роналдо со 113 милиони евра, додека на третата позиција се наоѓа Нејмар со 91,5 милиони евра.

Ова се 10-те најплатени фудбалери во светот:

1 Меси – 130 милиони евра
2 Роналдо – 113 милиони евра
3 Нејмар – 91,5 милиони евра
4 Гризман – 44 милиони евра
5 Бејл – 40,2 милиони евра
6 Иниеста – 33 милиони евра
7 Санчез – 30,7 милиони евра
8 Кутињо – 30 милиони евра
9 Лавеци 28,3 милиони евра
10 Суарез – 28 милиони евра

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here