Геј-пингвини во Австралија станаа родители


Мажјаци пингвини, од расата со жолти нозе од аквариумот во Сиднеј, Sydney’s Sea Life изградиле заедничко гнездо, на кои потоа им била доверена грижа за оплодено јајце, станале татковци на здрав потомок, пренесуваат австралиските медиуми.

Вработените во аквариумот на Меџик и Сфен во гнездото им ставиле лажно јајце за да проверат како геј пар ќе се снајде во улогата на родител.

Кога успешно го положија тестот, им било доверено оплодено јајце од хетеросексуален пар пингвини кој имал две јајца. Имено, во природата е вообичаено пингвините да го напуштат другиот наследник, бидејќи им е тешко да пронајдат храна.

Новороденчето се роди на 19 октомври и е субантарктички пингвин кој дојде на свет во аквариумот.

Геј парот кој гнездото го направи пред сезоната на парење, грижливо го негуваат новороденчето, вели Триш Ханан од сиднејскиот авариум.

Taa oбјаснила дека во првите 20 дена после раѓањето на новороденчето исклучително е важно родителите добро да се грижат за него.

Меџик и Сфен јајцето го сместиле во мало гнездо направено од камчиња и на нив наизменично седеле делејќи ги родителските обврски, рекла Ханан.

Таа потсетила и дека хетеросексуалните парови се исклучително грижливи родители. Вообичаено е дека мажјакот и женката заедно да се грижат за новороденчето. Додека еден од нив го чува јајцето, другиот оди по храна, а потоа се менуваат. Вели дека не било поразлично и со овој пар.

Според пишувањата на австралиските медиуми, сите три членови на семејството се задоволни, а малиот пингвин нема ништо против растење со два родители од ист пол.

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

100 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
1
WTF

Comments

comments