Грип или први знаци на морбили – како да се препознаат симптомите?


Скопје се соочува со епидемија на морбили a oд денеска важи мерката со која се воведува забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.

Зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица – ова се симптомите кои наведуваат на грип, но и првиот сигнал за мали сипаници – морбили. Карактеристично за морбилите е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.

Mалите сипаници, се акутно, вирусно, многу заразно заболување, предизвикано од вирусот на морбили, кое се манифестира со катарални симптоми и макулопапулозен исип, а се јавуваат во помали и поголеми епидемии. По инкубација од 10-12 дена, се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност. Истовремено се јавуваат и катарални симптоми како солзење на очите, течење на носот, сува кашлица .

Loading...

Министерството за здравство вчера прогласи епидемија на морбили или мали сипаници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи. Министерот Венко Филипче информира дека шест од новите случаи се потврдени со соодветни анализи, а за останатите 6 анализите се очекуваат утре. Додаде дека меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите се невакцинирани лица со МРП вакцината.

Казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра, потсетува Министерството за труд и социјална политика.

Министерството соопштува дека ги информирало сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажало на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

136 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
1
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments