Груевски се јави на фејсбук директно од Будимпешта

Од средбата на Никола Груевски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во септември 2017 година во Охрид. (Фото: СДК.МК)

Осудениот експремиер Никола Груевски пред малку напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува на Фејсбук страна на која Груевски и порано се има јавувано со лични статуси.

Loading...
Фото: Принт скрин од официјалниот профил на Никола Груевски

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски на 28 септември 2017 година во Охрид имаше работна средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кога веќе на Груевски му беше одземен пасошот како мерка на претпазливост. Орбан во Македонија допатува како лидер на партијата Фидес, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во фамилијата Европски народни партии и се задржа три часа.

Целиот текст на сдк.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here