Дали сте знаеле дека постои сина банана со вкус на сладолед од ванила!?

Изненадувачки но здравото и вкусно тропско овошје со светло жолта боја и миленик на милиони луѓе има братучетка!?

Да токму така, постои еден вид на банани наречени блу џава (Blue Java), кој се познати и како „сладолед банани“. Тие се мали, здрави и премногу вкусни овошки.

Loading...

Кога се зрели, иако кората им е цврста како обичните банани, внатрешноста е многу мека, скоро како крем. Токму затоа и се поврзуваат со сладолед.

Сината банана има вкус на сладолед од ванила, мириса прекрасно и богата е со калиум, како и многу други минерали. Од хранливи состојки, во себе содржи 0,3 грама масти, 22,8 грама јаглехидрати и 89 калории во 100 грама.

Единствениот проблем со нив е што се исклучително ретки. Тие природно можат да се најдат во Јужна Азија и способни се да преживеат и на пониски температури.

Зрелите плодови се долги околу 13 сантиметри, а самото растение расте до околу 5,5 метри.

Дури и нејзините листови се корисни, па жителите на Јужна Азија знаат како да ги употребат за подготовка на храна, како подлога за пржење, печење… нешто слично како фолија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here