Две лица загинаа, лекарите се борат за животот на трето лице (ВИДЕО)

На традиционалното новогодишно капење во Риека две лица загинаа, лекарите се борат за животот на трето лице, а неколкумина се повредени.

 Се чини дека до трагедијата дошло поради силниот ветар.

„Нè предупредуваа од хотелот да не одиме во море поради ветровите, но ветрот само што почна да слабее. Затоа се договоривме поради лошите временски услови да не пливаме, туку само да се соблечеме и да се фатиме за раце во круг. Но брановите беа пресилни и дојде до трагедија“, рече Јосип Повржениќ, еден од организаторите на традиционалното новогодишно пливање.

Loading...

Петнаесет луѓе учествувале во капењето, од кои уште неколкумина се повредени. На теренот имало спасувачки служби, пожарникари, брза помош и полиција.

Меѓу повредените се и двајца пожарникари што учествувале во спасувањето, пренесе риечки Нови лист.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here