Деведесет и двајца меѓу кои и жени утре ќе учествуваат во традиционалното фаќање на крстот во Скопје

0
40

Деведесет и две лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот на 19 јануари на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираа  денеска од Скопската епархија.

Пријавувањето почна на 2 јануари, а заврши денеска. Меѓу кандидатите има пријавени и жени

Loading...

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here