Дизајнерот Марк Џејкобс стапи во брак со партнерот Чарли

Марк Џејкобс и Чарли Дефранческо стапија во брак на церемонија во Њујорк. Парот беше во врска скоро 4 години.

55-годишниот дизајнер го запроси 37-годишниот партнер пред точно една година во ресторан за брза храна, па поради тоа и на свадбената прослава се служеа бургери и друг вид на брза храна.

Loading...

Парот го изговори судбоноското „ДА“ на свеченост на која присуствуваа бројни славни личности.

Меѓу ѕвездите кои се забавуваа на прославата која се одржа во ресторанот „The Grill“ во Менхетн беа:

Кејт Мос со ќерка си, Џиџи и Бела Хадид, Емили Ратајковски, Рита Ора, Ана Винтур, Наоми Кембел, Каја Гербер, Амбер Валета и Џастин Теру.

Церемонијата била кринусана со огромна бела торта која младенците ја пресекле заедно, но и со здравици и луда забава до раните утрински часови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here