Домашни евтини третмани против целулит


Beautiful woman taking care of her body with natural products at home. Natural massage with coffee beans and honey.Selective focus. Mode body care and natural products in this lightboxes:

Статистичките податоци кои велат дека 90% од жените страдаат од целулит не треба да нè охрабрат да седиме со скрстени раце и да се тешиме со зборовите „па сите имаат целулит, не е страшно“. Напротив, треба да нè потсетат дека целулитот е проблем против кој треба секојдневно да се бориме.

Најголем дел од жените започнуваат да преземаат активни мерки против целулитот кога ќе наближат летните денови. Но, ако сакате да се ослободите од кожата која наликува на кора од портокал, мора да го негувате своето тело во текот на целата година.

Домашните третмани можат да бидат исто толку ефективни како и поскапите алтернативи

Денес постојат најразлични третмани и производи кои ветуваат рамна и мазна кожа. Некои даваат добри резултати, а други се само маркетиншки трик. Сепак, за да ја проверите нивната ефективност, потребно е да направите помала или поголема инвестиција.

Доколку не сте подготвени да одделите поголеми финансиски средства за измазнување на кожата, тогаш обидете се со домашни третмани кои често можат да бидат еднакво ефективни против целулитот како и најскапите третмани кои ви стојат на располагање.

Крема против целулит од само 3 состојки

СОСТОЈКИ:

  • 1/4 шолја крупно мелено кафе
  • 3 лажички топла вода
  • 2 лажички маслиново или бадемово масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте  го кафето со  топлата вода. Оставете да отстои околу 10-тина минути, односно додека кафето не ја упие водата и не се претвори во густа паста. Додајте 2 лажици маслиново или бадемово масло и добро промешајте.

Loading...

По секое туширање додека сеуште сте во бањата нанесете ја мешавината на кожата. Со кружни движења со дланките или со крпа за туширање масирајте ги бедрата околу 5 минути. Потоа кожата исплакнете ја со млака вода и по потреба нанесете масло, млеко за тело или лосион.

Постапката повторувајте ја 2 пати неделно.

СУВО ЧЕТКАЊЕ

Четкањето на кожата е ефективен и едноставен начин да го намалите целулитот. Со четкањето се подобрува циркулацијата, но исто така и се отстрануваат мртвите клетки од горниот слој на кожата. Како резултат на тоа ќе добиете помека и помазна кожа, а целулитот ќе започне да се намалува.

  • Земете четка за тело со меки влакна и започнете да ја четкате кожата додека е сува. Најдобро е да го правите ова пред туширање.
  • Тргнете од стапалата и движете се нагоре, кон бутовите и задникот. Не употребувајте силен притисок.

СОК ОД ЛИМОН

Сокот од лимон помага во топењето на целулитот. Во чаша исцедете сок од еден лимон и дополнете ја со млака вода. Доколку не поднесувате кисело, додајте и една лажичка мед.

Пијте вака приготвен сок од лимон 2-3 пати дневно. Консумирањето на сок од лимон само по себе нема да ви помогне да се ослободите од целулитот, но во комбинација со масажа, четкање и други методи дава одлични резултати.

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

Се смета дека и јаболковиот оцет може да помогне во разградувањето на целулитот:

  • Орално. Во една чаша вода додајте 2 лажички јаболков оцет (најдобро оцет од диви јаболка). По желба можете да го засладите со малку мед. Консумирајте ја оваа течност еднаш дневно.
  • Локално. Измешајте јаболков оцет и маслиново масло во однос 3:1. Масирајте се со смесата 7-10 минути дневно.

Започнете уште денес да преземате мерки против непријатниот целулит за да можете безгрижно да го покажете своето тело кога ќе дојде летото.

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

87 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments