Доналд Трамп, оддаде последна почест на Арета Френклин, опишувајќи ја како некоја „која работела за него“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оддаде последна почест на една од најголемите и најдобри пејачки на сите времиња, Арета Френклин, опишувајќи ја во својата прва реченица како некоја „која работела за него“.

„Сакам да започнам денес со израз за сочувство за семејството на личноста која добро ја знаев“, го почна свеото обраќање Трамп на состанокот на неговиот кабинет. „Работеше за мене во многу прилики. Беше неверојатна“, продолжи тој.

Loading...

„Донесе радост во милиони животи, а нејзиното извонредно наследство ќе инспирира уште многу идни генерации. Бог ја облагороди со прекрасен дар – нејзиниот глас, и го користеше добро. Луѓето ја сакаа Арета. Беше посебна жена. Поради тоа, само сакав да испратам најтопли и најдобри пожелби и сочувство до нејзиното семејство“, додаде потоа Трамп, но првата реченица која ја кажа многумина на социјалните мрежи ги изваде од такт.

„Работела за него? Тој морон мисли дека сè се врти околу него“, беше само еден од револтираните и лути коментари на мрежите.

Од друга страна, Барак Обама, исто така одлично ја познаваше Арета, а таа пееше на неговата инаугурација во 2009 година. Бившиот претседател на САД и неговата сопруга Мишел се обратија преку соопштение во кое порачаа дека „Арета помогна да се дефинира американското искуство“.

„Во нејзиниот глас можевме да ја почувствуваме историјата, цела и во секоја нијанса – нашата моќ и болка, нашата темнина и светлина, нашата потрага за искупување и нашето тешко заработено почитување. Помогна да се чувсвуваме повеќе поврзани меѓусебно, со повеќе надеж, похумано. А понекогаш помогна едноставно да заборавиме на сè друго и да танцуваме“.

„Секој пат кога ќе запееше, сите бевме почестени со доза божественост“, додадоа семејството Обама.

Погледнете го видеото каде што Арета предизвика силна емоција на Обама…

.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here