Еве што да очекувате во Колумбија доколку решите да патувате без виза


Богота - Главен град на Колумбија

Колумбија има уште многу фурни леб за јадење пред да стане популарна дестинација, или на пример да ја достигне Коста Рика на северот, но и без тоа во последните 10 години бележи невидена „експлозија“ на туризмот. А не сите ја посетуваат поради културата.

Откако помина 30 години во убиства, бомбашки атентати и обиди за атентати, во моментов Колумбија доживува туристички бум. Туристи како никогаш досега привлекуваат и други земји, но единствено Колумбија тоа му го должи на Пабло Ескобар и тоните и тони кокаин, пишува 9news.

Колумбијците се решиле да го искористат својот не баш позитивен имиџ во светот, па освен слоганот “Колумбија: единствена опасност е дека ќе посакате да останете овде“ тие ги мамат туристите и со ликот и делото на Пабло Ескобар.

Графит на колумбиски господар на дрога Пабло Ескобар во Меделин, Колумбија.

На величествениот плоштад Боливар во Богота (главниот град на Колумбија) човек ќе се наслади на архитектурата од 16-ти век, но тука се наоѓа и Судската палата – истата таа што беше нападната во 1985 година од група зад која стоеше Ескобар. Тогаш загинаа 11 судии. Во денешно време поверојатно е да ве нападнат гулаби.

Плоштад Боливар Фото: Меридит Кохут за Њујорк Тајмс

Околу плоштадот ќе видите улични трговци кои продаваат мастики, грицки, слатки и цигари. Ако се приближите поблиску, понекогаш ќе ви шепнат и „кокаин“.
Еден грам кокаин во Колумбија може да ве чини меѓу 5 и 10 долари. Во Австралија, на пример, истото количество може да ве чини 300 долари.

Ескобар е одамна мртов и погребан, но трговијата со кокаин и ден денес е здрава како дрен. Колумбија има бран на еден (условно речено) нов вид туристи – кои се таму се заради евтиниот кокаин.

Според изјавите на некои туристи очигледна е и лутината со која многу локални жители гледаат кон туристите кои прашуваат за кокаин. „Кокаинот им донесе толку многу страдања на толку многу Колумбијци“, ке речат колумбијците.

Борбата со наркотуризмот не им оди баш од рака на колумбиските власти. Всушност, тие најчесто и замижуваат пред кокаинскиот криминал на ситно – особено им прогледуваат низ прсти на тие што поседуваат до грам кокаин. А да ги фатиш тие со поголеми количества, исто така не е лесно.

Хенри Конради е службеник во имиграционата служба на аеродромот во Богота. Тој инсистира дека техниката за ловење на наркотици на аеродромот е прва класа, но признава дека е скоро невозможно да се ограничи распространувањето на кокаинот на улиците.

Некои агенции за туристички аранжмани водат кампања со која ги предупредува туристите за штетите кои ги нанесуваат кога купуваат кокаин во Колумбија.
„Колумбијците се обидуваат да го исчистат името на земјата од тој ужасен товар, а вие им се појавувате во вашите зелени шорцеви и прашувате за кокаин“, вели портпаролот на една агенција.

Според податоците на ООН, во моментов Колумбија произведува повеќе кокаин од било кога. Се смета дека во 2016-та таканаречените „лаборатории“ во џунглите произвеле 866 тони кокаин, а во претходната 2015-та – 649 тони. Тоа не е мал скок.
Во Колумбија нема недостаток од локални жители кои ќе ве предупредат/советуваат да не купувате кокаин. Може да ве посоветуваат и да не ја спомнувате серијата „Наркос“. Тоа се времиња, велат, кои преферираат да ги заборават.

Сепак не е се така црно:

Loading...
Меделин: Градот на дрогата денеска е туристички бисер на Колумбија

Во 90-тите години владеело насилство по улиците, граѓанското друштво било непознат поим и се чинело дека за овој град нема спас.

Каков имиџ имал Меделин, можеби најдобро зборува тоа што магазинот „Time“ во почетокот на деведесетите го прогласи за „најопасното место на планетата“, но од 1992 до 2017 година градот претрпе многу промени.

Градот чие име било непријатно дури и да се изговори, со текот на времето се трансформирал во вистинска туристичка дестинација.

Градот Меделин до неодамна нудеше тура Пабло (немаме информации дали уште постои турата), којашто вклучува посета на гробот на прославениот криминалец и обиколка на неговата луксузна затворска ќелија и куќата во која е убиен. На еден туристички оператор му се посреќило, па во својата понуда нуди и попладне со семејството Ескобар.

За само 96 долари може да поразговарате со браќата Ескобар, да испиете кафе и да ја разгледате луксузната вила. Имотот на Пабло, хациендата Лос Наполес”, на кој чувал егзотични животни, приредувал диви забави и ги давел своите непријатели во базен, денес е тематски парк.

Од Ескобар профитирал и Националниот музеј на полицијата во Богота, кој ги поседува некои од најатрактивните материјални добра на Пабло: по мерка изработениот Харли Дејвидсон, пиштолите обложени со злато и масата со скриени делови.

Денеска Меделин е убаво и пријатно место каде се почитува законот, а економијата е во таков замав, што дури е една од најсилните на јужноамериканскиот континент.

Со завршувањето на постојаните немири и внатрешни војни, Колумбија конечно здивна, па почна подобрување во целата земја, што посебно се одрази на Меделин. Сместен во долината, позната по прекарот „градот на вечната пролет“, благодарение на идеалната клима.

Градот е чист, изградени се многубројни паркови, музеи, модерни библиотеки, кино сала на отворено, а кафулиња и ресторани има во изобилство.

Во меѓувреме, исто така и кафе- туризмот е во тренд.

Колумбија е четврт по големина производител на кафе во светот. Но откако на светскиот пазар паѓа цената на оваа суровина, поизводителите на кафе бараат и алтернативни начини на заработка.

Појадок со поглед на плантажите за кафе, повеќе од 1000 вили во регионот веќе нудат сместување.
„ Темата кафе и кафе културата се во подем во светот, потрошувачката се зголемува и познавањето за кафето исто така. И тоа се разбира е перфектна шанса за нашиот регион да го зајакне туризмот. Конечно ние тука повеќе од 100 години сме прочуени по одгледувањето кафе.“, истакнува туристичкиот работник Мануел Алехандро Наварез.

Кафе регионот од минатата година е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО, што дополнително го зголеми бројот на посетители во традиционалните села.

Користени Извори: 365.ком.мк Дојче Веле 9news nytimes.com

 

 

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

142 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments