Ед Ширан се оженил со другарка. “Знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена”

Британската музичка ѕвезда Ед Ширан открил дека  од неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн.

Британските медиуми објавија дека двојката се венчала пред Божиќ во присуство на 40-ина пријатели и членови на семејството, но Ширан никогаш не го потврди ова. Барем до објавувањето на првата песна од новиот албум.

Loading...

Популарниот пејач во интервју за  „ iHeartRadio“ зборувал за текстот на авојата нова песна  која ја снимил со Еминем и 50 Центи „ Remember My Name”, во која Чери ја нарекува своја сопруга.

„Всушност ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена, изјавил Ед .

Ед и Чери се знаат од кога биле деца, но врската ја започнале во 2015 година кога заедно  биле на забавата организирана од Тејлор Свифт во чест на 4 јули Денот на независноста на Америка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here