ЕУ и НАТО со честитки за уставните измени изгласани од Собранието


Искрени честитки за изгласаните уставни измени во Собранието упатија шефицата на европската дипломатија , Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

,, Најискрени честитки до сите политички чинители и граѓаните за она што наскоро ќе биде Северна Макеоднија преку гласањето во Парламентот за уставните измени. Се надевам дека оваа историска одлука ќе создаде позитивна динамика за напредок на целиот регион на Западен Балкан.” , напиша Хан на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО Једнс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

,,НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното” гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

Loading...

,,Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија, твитна Кукан.

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

135 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments