За добра форма ви требаат само 3 минути интензивно вежбање!

0
11

Извор: Убавина и здравје

Добра вест за оние кои не успеваат да издвојат половина час дневно за да вежбаат.

Loading...

Најновите истражувања покажале дека за одржување добро здравје и форма, потребна е само една минута интензивни вежби.

Во истражувањето учествувале 14 здрави, но физички неактивни и дебели луѓе кои морале да вежбаат на собни велосипеди.

Секоја сесија се состоела од двеминутно загревање, три интервали од по 20 секунди интензивно вежбање (вртење на педалите со сета сила), придружено со 2 минути бавно вртење на педалите и 3 минути ладење (вкупно 10 минути).

На крајот од истражувањето, учесниците поминале низ финални медицински испитувања кои покажале драстична разлика во однос на првичните резултати, претежно поврзани со крвниот притисок и максималната потрошувачка на кислород.

Но најдобро од сè е што вежбањето не мора да биде ограничено само на собен велосипед. Трчањето во место или качувањето по скали е исто така ефикасно.

Запомнете дека само една минута интензивно вежбање неделно е доволно за да го одржите доброто здравје!

Извор: Убавинаиздравје.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here