Зошто никогаш не треба да го местите креветот наутро?

Сите ние сме навикнати да ги средуваме постелите на креветите секое утро по будењето, добро можеби не баш сите, но излегува дека подобро за нашето здравје е воопшто да не го правиме тоа. Зошто? Поради ова суштество:

Овие микроскопски паразити се многубројни во вашиот кревет. Впрочем, просечен кревет може да биде дом на 1,5 милиони од нив. Тие се хранат со остатоците од кожата на луѓето. Алергенсите кои ги создаваат лесно се вдишуваат за време на спиењето и се голема причина за болести како астмата.

Loading...

Додека спиеме, трошки од нашата кожа се наоѓаат насекаде и овие суштества имаат вистинска гозба. Наутро, кога ја местиме постелата, сета таа кожа заедно со потта и овие мали гости се заробени долу под прекривката.

Д-р Стивен Претлов од универзитетот „Кингстон“ изјави за Би-би-си дека овие суштества преживуваат со водата од атмосферата, а нешто толку едноставно како оставање на креветот ненаместен во текот на денот може да ја отстрани влагата од прекривките и душеците, па суштествата ќе дехидрираат и умрат.

Експертите препорачуваат оставање на креветот наутро и негово местење подоцна истиот ден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here