Зошто пивото е здраво за вас?

И покрај генерално лошата репутација поврзана со алкохолот, поточно со неговата прекумерна конзумација, во пивото всушност има низа природни антиоксиданси и витамини кои можат да спречат болести на срцето, па дури и да го обноват срцевиот мускул.

Ако сакате секој ден да пиете по едно пивце до две, вие во живот немате грижи, барем кога станува збор за здравјето на срцето. Според најновите истражувања, редовното конзумирање на пиво го смалува ризикот од срцев удар. Како што тврдат италјанските научници, кои истражувањето го направиле над 150 луѓе, иделаната количина за мажи се две мали пива на ден, а кај жените е доволно само едно.

Loading...

Пивото исто така има и високо ниво на енергетска содржина, во споредба со доста други продукти, но секако дека мора да се постават некои граници: од едно ќе ви биде супер, но од 4-5 – не баш, од повеќе аспекти.

Ако се грижите за дехидратацијата, имајте предвид дека пивото е 93% вода, а според едно шпанско истражување, кога се потите или кога сте на сонце, може да ви овозможи подобра хидратација и од водата.

Веројатно преферирате светлопиво, иако темното е подобар избор кога е во прашање здравјето. Темните пива содржат антиоксиданси кои помагаат да се поправи штетата на клеточно ниво која природно се случува во телото, а исто така содржи и поголем процент на железо и минерали кои му се потребни на телото.

Исто така, кога и да имате прилика, напијте се домашно пиво: поздраво е од конзервираното во масовната продукција, бидејќи содржи повеќе хмељ, во кој пак има полифеноли кои помагаат при намалувањето на холестеролот и убивањето на вируси.

Еве уште неколку причини зошто пивото е здраво за вас:

Ги зајакнува коските – зошто содржи високо ниво на силициум.

За здрави бубрези – ја намалува шансата за појава на камен во бубрег.

Го подобрува здравјето на мозокот – истражување покажало дека оние кои пијат пиво постигнуваат подобри резултати од оние кои воопшто не го конзумираат.

Го намалува ризикот од рак – истражување покажало дека маринираните шницли во пиво за 70% се апстрахирани од канцерогени супстанци, кои се створаат кога месото се пржи во тава.

Го подигнува нивото на витамини – оние кои пијат пиво во крвта имаат поголеми нивоа на Б6, Б12 и фолна киселина.

Штити од инфаркт – пивото блокира згрутчување на крвта која тече до срцето, вратот и мозокот и која предизвикува најмногу инфаркти.

Го намалува ризикот од дијабетес – ризикот од дијабетес тип-2 е помал за 25%.

Го намалува крвниот притисок – подобро и од виното за намалување на притисокот.

Го продолжува животот – оние кои пијат пиво умерено живеат подолго, зошто таквата конзумација спречува срцеви заболувања, инфаркти и дијабетес.

И уште еднаш да повториме:

Го зајакнува срцето – половина литар дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 30%, зошто го подигнува нивото на добриот холестерол и ги проширува артериите.

Придобивките од пиењето пиво важат само ако се почитуваат дневните количини пиво, во спротивно лекот станува отров.

Епа, нека ви е на здравје! И, нормално, не заборавајте: во сè треба да се има мерка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here