Ивица Боцевски: Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија

0
26
Богота Главен град Колумбија

Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска преку фејсбук амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.

Укинати се визите за македонските граѓани и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес.

Loading...

Следни за списокот за укинување визи за македонските 🇲🇰 граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил , Аргентина , Чиле  и Перу . Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.

Укинати се визите меѓу двете земји што значи граѓаните на Република Колумбија може да патуваат во Македонија само со валиден пасош за куси патувања до 90 дена.

Колумбија е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.

Извор: Фејсбук

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here