На патот Пробиштип – Кратово изгоре автобус кој превезува војници на АРМ, нема повредени војници

0
35

Утрово околу 6:30 часот, се запалил автобус на АРМ возел на релација Пробиштип-касарна „Илинден“ 

Автобусот бил полн со војници кои се превезувале до касарната „Илинден“ кога избувнал пожарот. Инцидентот се случил на излезот од Пробиштип  кај местото  Кундиска Барака. Веднаш штом е почувствуван чадот, припадниците на АРМ од страна на одговорното лице биле повикани да го напуштат автобусот и го напуштиле. Во автобусот останале само два војнички ранци. . Пожарот многу брзо се ширел и за кратко време го зафатил целиот автобус.

Loading...
Во запалениот автобус нема повредени војници, Министерството за одбрана ќе преземе соодветни мерки

Во запалениот автобус што утрово превезувал припадници на АРМ на своите работни места во Скопје од Пробиштип, Кратово и Куманово нема повредени војници, соопштија од Министерството за одбрана и додаваат дека жалат поради овој случај, за кој, како што посочија, се преземаат соодветни мерки.

„Фирмата што го врши превозот за кратко време испратила друг автобус, и сите патници пристигнале со мало задоцнување на своите работни места и веќе нормално си ги извршуваат задачите. Во автобусот останале само два војнички ранци. Според првичните сознанија, автобусот бил носен на сервис во текот на викендот. Согласно со договорот, ги исполнувал условите коишто се побарани во тендерската документација, има потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови издадена на 1.02.2018 година со важност до 1.02.2020 година, бил од марката ‘марбус’, производство 2007 година, и го исполнува стандардот ЕУРО 4“, се наведува во соопштението на Министерството.

Од Министерството за одбрана додаваат дека припадници и стручни лица на Воената полиција веднаш излегле на терен за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот. Дополнително, се посочува во соопштението, Министерството за одбрана очекува фирмата што го обезбедува превозот да изврши анализа на случајот со цел да не се повтори истото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here