Излезе новата песна и видео запис на Влатко Лозаноски

0
23

Едно од највредните и најпопуларни музички имиња во земјава Влатко Лозаноски – Лозано подготви уште еден хит за својата публика. По одличната „Јако, јако”, Лозано овој пат има прекрасна балада која носи наслов „Надеж”

Како и на претходните песни и овој пат како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветкоски, додека спотот е дело на „Веста продукција”.

Loading...

Песната и спотот се снимени уште на почетокот на годината, а гледачите може да забележат дека го има истиот имиџ како и на „Километри”,

Баладата „Надеж” е дел од третиот албум „Десет”, на којшто промоцијата е започната уште пред неколку месеци. Албум на кој ги има и добро познатите: „Километри”, „Јако, Јако”, „Камо тебе да те имам”, „Мандарина”, „Жена како ти”, „Како тебе нема друга”, „Пред да се раздени” и „Бонбона”

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here