Им дошла на гости низ врата, а за излегување направила дупка во ѕидот (ВИДЕО)

Викендов црна мечка влегла во куќа во американската држава Колорадо и избегала од неа така што направила голема дупка во ѕидот.

Од полициската станица Естес Парк соопштуваат дека мечката влегла во куќата во петокот вечерта , веројатно привлечена од мирисот на кантата за отпадоци.

Loading...

,,По доаѓањето на службеникот , мечката направи дупка во ѕидот и избега.” , се наведува во полициското соопштение.

Локалните медиуми јавуваат дека никој не бил повреден.

Според полицијата од Колорадо , од 19 јули до 3. август годинава мечките влегле в над 35 возила и во девет станбени објекти , а на жителите им препорачуваат да ги затвораат вратите и прозорците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here