Историски момент! Светот за прв пат ја виде Црната дупка (фото и видео)

Фотографијата е снимена на оддалеченост од 55 милиони светлосни години од Земјата (Фото: ЕХТ)

Научниците за првпат успеаја да направат фотографија од црна дупка, што може да предизвика револуција во нашето разбирање на еден од најмистериозните објекти во вселената.

Фотографијата е снимена во срцето на галаксијата Месиер 87, оддалечена 55 милиони светлосни години од Земјата, односно 500 милиони трилиони километри. Таа од научниците беше опишана како „чудовиште“, бидејќи има размер од 40 милијарди километри, што е три милиони пати повеќе од големината на Земјата.

Loading...

„Таа е поголема од целиот наш Сончев систем и има 6,5 милијарди пати поголема маса од Сонцето. Тоа е најтешката црна дупка која веруваме дека постои“, изјави холандскиот професор Хајно Фалке.

Историската фотографија е направена од Ивент хорајзон (ЕХТ), мрежа од осум радиотелескопи, што се наоѓаат на локации од Антарктик, преку Шпанија до Чиле, а во проектот учествувале преку 200 научници од 20 земји и суперкомпјутери. Податоците се собрани пред две години, за период од четири дена, кога временските услови низ цел свет биле совршени.

„Го видовме она што мислевме дека не може да се види. Направивме фотографија од црна дупка! Научната фантастика тукушто стана научен факт“, изјави Шеперд Делеман од Харвард, лидер на тимот научници.

ШТО Е ЦРНА ДУПКА?

  • Црна дупка е подрачје во вселената, од кое ништо, дури ни светлината, не може да избега.
  • И покрај ваквото име, тие не се празни, туку се состојат од огромно количество материја густо набиена во мала област, што им дава неверојатно голема гравитациона сила.
  • Подрачјето зад црната дупка се вика Хоризонт на настани и тоа е точка од којашто нема враќање.

Извор: смарт.сдк youtube ladbible.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here