Со новата веб апликација, граѓаните ќе имаат увид во состојбата и ќе може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки.

Веб апликацијата е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информира Управата за јавни приходи.
Веб апликацијата ги нуди следниве опции:
Целосен преглед во скенираните фискални сметки

Loading...

Увид во прометот остварен преку скенираните фискални сметки

Увид во износот на поврат на 15% од пресметаниот ДДВ
Повлекување односно бришење на фискалните сметки скенирани по грешка

Кратко упатство за користење на веб апликацијата:
Најавете се на https://mojddv.ujp.gov.mk

  • За да се најавите потребно е претходно да сте регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (е-Персонален данок) и да го внесете валидното Корисничко име (е-пошта) и Лозинка од е-ПДД.
  • На почетната страница на веб апликацијата со извештаи за граѓани се прикажани информации за Вкупен промет, Вкупно ДДВ, Поврат на ДДВ и број на Скенирани сметки за најавениот граѓанин. Стандардно, прикажаните информации се однесуваат за месецот во кој што граѓанинот последен пат има скенирано фискална сметка. Доколку во одреден месец граѓанинот воопшто нема скенирано фискални сметки, тогаш тој месец за таа година нема да постои во оваа опаѓачка листа. На почетната страница исто така е прикажан и графикон со информации за остварениот поврат на ДДВ и преостанат поврат на ДДВ за тековното тромесечие. Притоа сумите се прикажани процентуално и во денари. Максимално може да се оствари поврат од 1800 денари во текот на едно тромесечие. Доколку граѓанинот ја надминал оваа сума, тогаш на екран е испишана и надминатата сума на поврат на ДДВ.
  • Кај месечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по месец и година. За секој месец од секоја година во кој што граѓанинот има скенирано фискални сметки се прикажани следните информации: Година, Месец, Број на скенирани сметки, ДДВ А, ДДВ Б, Вкупно ДДВ, Вкупен промет и Поврат на ДДВ(15%).
  • Кај тримесечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по тримесечие и година.
  • Повлекување сметки – Доколку граѓанинот по грешка скенирал фискална сметка или поради некоја друга причина сака да повлече скенирана фискална за поврат на ДДВ тоа може да го направи овде. Дозволено е повлекување на фискални сметки од претходно тримесечие до 25ти од првиот месец од наредното тримесечие.

Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот ЛИНК.

Mерката поврат на ДДВ стартуваше на 1 јули годинава, а првата исплата ќе се реализира во декември.

Право на поврат на ДДВ има секое физичко лице со наполнети 15 години, важечка лична карта и трансакциска сметка, а лимитот за поврат на ДДВ на годишно ниво изнесува 7.200 денари за едно лице.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here