Како пее Раста без “Auto-Tune” ??? ️🎤️🎶

Кој е Раста?

Раста  всушност е Стефан Ѓуриќ,  роден на 16 ноември во 1989 во Приштина —тој е  српски хип хоп пејач, композитор и продуцент. Неговите песни се за марихуана, љубов, состојбата во општеството, а голем број од нив се за жените.

На 16-годишна возраст, учествувал на најголената денс атракција во Европа Dancehall. Од 2006 до 2009 година тој бил автор и водител на двочасовната емисија „Реге шоу со Стефан“ на националната радио станица. Во 2007 година, тој почнал сериозно да се занимава со музика, а од 2008 до денес тој направил музика за повеќе од 300 проекти. Раста испеал повеќе од 100 песни, од кои повеќето популарни, особено кај помладите слушатели. ( КавалиКавасакиЕуфоријаХотелНоћи немирне се дел од неговите песни) 

Loading...

Тој бил член на домашната група “Show program”, со која ја постигна најголемата популарност. Во 2010 година, тој настапил како пред-бенд на американската турнеја со раперот 50 Cent.

Тој соработувал со многу домашни изведувачи, како што се Ана Николиќ, Дара Бубамара, Дадо Полумента, Коби, Цвија, Буба Корели, Елитни одреди,  и многу други.

На 28 јули 2016 година, Ѓуриќ тајно се оженил со Ана Николиќ, која ја сретнал додека работела на нејзиниот албум Лабилна. Раста и Ана имаат ќерка по име Тара.

Во петтата сезона на шоуто јас имам талент, Раста, заедно со Ана Николиќ, Даница Максимовиќ и Срѓан Тодоровиќ, бил член на жирито.

Во март 2017 година тој бил на американската турнеја каде што настапил во Атланта, Чикаго, Њујорк, Детроит и други.

Европската турнеја започнала на 1 септември 2017 година. Таа главно настапувал во Германија и Швајцарија, но се појавува и во Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Шведска, Босна и Херцеговина и Луксембург.

Многупати јавноста го прозива дека тој незнае да пее и користи програма наречена “auto-tune” за да  му го испегла гласот. Во емисијата на  Огнен “Amigi Show” сезона 9 во 2016 тој потврди дека користи “auto-tune” и заедно со Огнен ја испробаа направата и испејаа неколку песни, кои можете да ги слушнее во првото видео. Во второто видео е новото гостување на Раста во истото шоу каде што ја отпеа неговата популарна песна Адио Аморе но овојпат без  “auto-tune” акустична верзија во придружба на гитара од Огнен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here