Калиопи доби „Пресуда“ од Ромео Грил

0
25

По кусата пауза од музичката сцена, Калиопи конечно има нова песна. Станува збор за уште една емотивна балада насловена „Пресуда“, која повторно произлезе како резултат од долгогодишната соработка со нејзиниот некогашен сопруг Ромео Грил. Тој се потпишува како комплетен автор и продуцент на оваа песна, чие снимање се одвивало во студијата „ГМП“ во Базел (Швајцарија) и „Морис“ во Загреб, додека сниматели биле Дон Карло Џовани и Филип Видовиќ, кој стои и зад миксот и мастерингот.

“Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. “Пресуда” е тажна љубовна песна…А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби понекој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грилл што и овој пат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам ПРЕСУДА во живо на мојот концерт на 23.11. во Сава Центар во Белград.“, истакна Калиопи.

Loading...

Имајќи ги предвид последните песни на Калиопи, кои се отпеани на српско-хрватски јазик, очигледно е дека поп-дивата е повеќе посветена на регионалната сцена, редовно настапувајќи низ некогашните Ју-простори, а на 23 ноември ќе одржи и голем концерт во белградскиот „Сава центар“.

Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да слушнеме нешто и на македонски, а дотогаш уживајте со нејзината нова „Пресуда“, визуелно доловена од продукцијата „НН медија“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here