КЕЈТИ ПЕРИ обвинета за плагијат мора да плати 550.000 долари

Поп ѕвездата Кејти Пери доби судска наредба да исплати 550.000 долари од нејзината заработка од песната од 2013 година „Dark Horse“, откако беше утврдено дека е плагијат.

Овој износ е само дел од сумата од 2,7 милиони долари што треба да ги добие госпел пејачот Флејм, чие вистинско име е Маркус Греј, кој ја тужеше Пери за плагијаторство на една од неговите песни. Нејзината издавачка куќа „Капитол рекорд“ ќе треба да го плати останатиот дел од сумата.

Loading...

Оваа недела, суд во САД донесе одлука дека Пери и нејзините продуценти и текстописци се виновни за кршење на авторски права. Адвокатскиот тим на Пери најави жалба.

Dark Horse четири недели беше на врвот на „Билборд хот 100-листата“ на почетокот на 2014 година, а за неа Пери доби номинација за „Греми“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here