Кит Флинт се обесил, утврди истрагата. „Продиџи“ ги откажа сите настани

Фронтменот на „Продиџи“, Кит Флинт, извршил самоубиство со бесење, покажа истрагата.

Четириесет и деветгодишниот британски музичар беше пронајден мртов во својот дом во Есекс на 4 март и истрагата утврдила дека нема сомнителни околности.

Loading...

Тој си го одзеде животот набргу откако групата се врати од турнејата во Австралија и беше планирано таа да продолжи наредниот месец во Колумбија, но сите закажани датуми во меѓувреме се откажани.

Флинт долги години имаше проблеми со алкохол, дрога и депресија и своевремено кажа дека сопругата Мајуми Каи го спасила од тој начин на живот. Тој и јапонската диџејка се разделиле пред неколку години.

Лондон, (Би-Би-Си)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here