Кит Флинт, фронтменот на групата „Продиџи“ извршил самоубиство

0
74

Кит Флинт, основачот и пејач на „Продиџи“, е пронајден мртов во својот дом во Есекс на 49 години, потврди полицијата.

„Полицијата реагираше на дојава и тој беше прогласен за мртов на самото место. Неговата смрт не се третира како сомнителна“, кажа портпаролот на полицијата.

Loading...

Лијам Хаулет од „Продиџи“ објави на Инстаграм дека Флинт се самоубил викендов.

-Веста е вистинита, не можам да поверувам дека ова го кажувам, но нашиот брат Кит си го одзеде животот за време на викендот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир – напиша Лиам.Сподели

Флинт го основал „Продиџи“ во 1990 година заедно со Хаулет и во почеток беше само танчар во групата, за потоа да биде вокал на некои од нејзините најголеми хитови. Со своите панкерска фризура и налудничав поглед, Флинт стана една од најпрепознатливите фигури во музиката во 1990-ите години. Тој сними седум албуми со „Продиџи“, која оствари огромно влијание врз електронската и денс сцена.

На врвот на својата популарност, „Продиџи“ гостуваше во Скопје во 1995 година, на легендарниот Т-фестивал, а пред неколку години концерт имаше и во Охрид.

Детали за самоубиството не се познати, но Флинт неколку пати јавно говореше за својата борба со депресијата.

Годините на консумација кокаин, марихуана и алкохол оставија последици по неговото здравје. Тој малку закрепна во последните неколку години откако се пресели во селска куќа во Есекс, каде водеше мирен живот. Но, борбата со депресијата не успеа да ја победи.

„Се вовлеков во кокаин, трева, многу работи. Поради тоа бев повлечен, досаден и плиток“, изјави во една прилика за Times.

„Ќе ги подредев таблетите и само ги земав и ги земав сè додека не изгубив осет колку ги има и додека не се онесвестам,“, изјави во друга прилика тој, признавајќи дека во живот го одржувала љубовта кон неговите кучиња.

Тој имаше шест кучиња кои ги обожуваше.

„Треба да се има храброст за самоубиство. Јас сум кукавица“, изјави тогаш Флинт.

Последните години од животот, Кит живеел на село, далеку од градскиот метеж. До 2017 година водел и локален паб, а живеел заедно со својата сопруга која ја обожувал. 

Флинт од 2006 година бил оженет со јапонската диџејка Мајуми Каи. Тие се запознале на турнејата на Продиџи во Јапонија и се венчале на Божиќ. Првите три месеци слабо се разбирале бидејќи Мајуми не говорела англиски јазик, но биле бескрајно заљубени еден во друг.

Флинт ја нарекувал “госпоѓа Ф” и наводно бил импресиониран од нејзините диџејски вештини. Таа му била неверојатно секси поради комбинацијата од атрактивниот изглед и начинот на живот кој го водела.

Извор: СДК.МК Gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here