Кои се предизвикувачи на алергија и како да ги избегнете нападите од алергиите

0
27

Кои се предизвикувачи на алергија? Најчести алергени се : поленот (од тревата, коровот и дрвата), микрокрлежите, домашната прашина, животинските влакна, мувлата, храната, адитивите од храната и пијалоците, конзервансите, отровите од инсектите, УВ зраците.

Најчест облик на алергија е поленската алергија која е позната како сезонски алергиски ринитис. Секој десети човек има поленска алергија. Поленската алергија е болест на горните дишни патишта која се јавува сезонски (од март до јуни) кога во воздухот се наоѓаат честичките од поленот на тревите, дрвата и коровите. Карактеристични симптоми се јадеж и солзење на очите, кивавица и секреција од носот.

Loading...

Целогодишниот ринитис е со симптоми исти како кај сезонскиот ринитис и оваа алергија трае цела година. Најчести предизвикувачи на целогодишниот ринитис се : мувлите, животинските влакна, микрокрлежите.

Алергиите стануваат сè почест проблем кој секој сака побрзо и полесно да го надмине, иако има лекови кои помагаат со тоа, сепак е полесно да се спречи отколку да се лекува.

 

Еве неколку совети како да ги избегнете нападите на алергиите.

 

Повеќето од нив се хигиенски совети, и е препорачливо почесто да ги применувате:

Работна околина. Со оглед на тоа што долго време се поминува на работно место, важно е околината секогаш да биде чиста.

Обидете се почесто да бришете прашина и да не го натрупувате бирото со работи кои непотребно собираат нечистотија.

Чистење. Неопходно е домот да го чистите темелно, со средства кои целосно ќе ги дезинфицират и исчистат површините за нечистотијата и алергиите да не може да се шират.

Кога работите со средства, секогаш користете заштита за устата и носот за заштита на белите дробови, а не заборавајте да користите и ракавици за да ја заштитите кожата.

Постела и кревет. Редовно менувајте ја постелнината на креветот и перете ја на висока температура за нечистотиите и бактериите темелно да се отстранат и да не ви предизвикуваат проблеми.

Затворени прозорци. Со честото отворање на прозорци полесно влегува полен и прашина од улиците, па затоа е подобро да користите клима за ладење на воздухот, но редовно да ја чистите или да ставите посебен филтер за заштита од алергени.

Правила за пешачење. Обидете се прошетките да ви бидат во приквечерните часови, бидејќи од 10 наутро до 16 попладне има поголема количина на полен во воздухот.

Најдобро е да пешачите на дожд, а ако веќе мора да шетате повеќе преку ден, користете маска за носот и устата и задолжително ставете очила за сонце и шешир за целосно да се заштитите од нечистотии кои потоа ќе ги внесете дома.

Туширање. По враќање од надворешна околина, задолжително избањајте се и измијте ги рацете, за да ја отстраните прашината, поленот и другите нечистотии кои се залепиле на вас однадвор.

Секако, неопходно е и да се пресоблечете и да имате различна облека за дома и за надвор, независно колку кратко сте ја носеле и до каде сте биле.

Исхрана. Секако дека и имунитетот е важен за алергиите и треба да се храните поправилно, но да не заборавите и да ја избегнувате храната која знае да предизвика алергии.

Пиење вода. Неопходно е и да пиете многу повеќе вода бидејќи дехидрираноста може да придонесе за полоша состојба со алергиите. Жените треба да пијат 9 чаши, а мажите 13 чаши вода на ден.

Миленичиња. Ако имате миленичиња, важно е редовно да ги миете за да ги отстраните од нив нечистотиите и микробите кои може да предизвикаат алергиски напади.

Ниво на влажност. Влажноста на воздухот има голема улога во создавањето мувла на која многумина се алергични, па затоа е важно да го надгледувате нивото и да најдете препарати кои ќе го регулираат и балансираат нивото на влажност.

Есенцијални масла. Маслиново масло, масло од чајно дрво и од еукалиптус се масла кои треба да ги нанесувате на кожата за да ги намалите иритациите и чешањето.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here