Корекција на Евровизија: Тамара прва од жирито а седмопласирана на евровизиското финале

Фото: Andres Putting Eurovision.tv

Сосема неочекувано, на официјалната страница на Евровизија, европската радиодифузна унија објави грешка во гласањето и коригирани резултати кои се однесуваат токму на македонската песна „Proud“ и Тамара Тодевска.

Во соопштението се неведува дека имало грешка во белоруското гласање на жирито. По ревидираните резултати, нашата песна е прогласена за прва од гласовите на стручното жири од 41 земја која гласаше на финалната вечер.

Loading...

Ова исто така влијаело и на финалниот пласман на Македонија, со што наместо осмо место, сега и официјално се искачивме една позивција погоре, односно првпат на Евровизија стоиме на 7-мо место. По ваквата објава се огласи и Тамара на социјалните мрежи и вели дека сега е уште посреќна.

Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите! – пишува Тамара на својот Инсатграм профил.

Инаку, од ЕБУ нагласуваат дека ова не влијаело на телефонското гласање од 41 земја и дека првопласираните четири држави остануваат исти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here