Кој го “избриша” Стоилов од фотографијата која Шилегов ја плати 100 000 евра?

Пред се политика и спорт не одат заедно, да ја оставиме Република Македонија да спортува а Република С. Македонија да води политика.

Деновиве по интернет сигурно сте налетале на секакви текстови и наслови поврзани со ракометниот клуб Вардар меѓу нив и текст со наслов:

Loading...

“Столе не издржа, по Заев немаше сила да се слика и со Шилегов” или нешто слично каде што се нагласува дека Столе несакал да се слика со Шилегов.

Нема да ги споменуваме порталите на кои е објавен текстот и фотографијата но ова е класичен пример за лажна вест и за манипулација со јавноста.

Некои портали веќе ја тргнале веста бидејки не е точна и е манипулативна а нивна цел е да работат професионално.

Задача на новинарот е да ја информира јавноста и да не шири лаги и дезинформации, но во случај кога постојат вакви вести, тогаш читателите не смеат така лесно да наседнуваат, туку мора да се информираат од повеќе извори.

Да се вратиме на проблематичната фотографија за која порталот, односно порталите дури тврдат дека не е едитирана:

“Сликата на Вардарци со Шилегов е преземена од профилот на РК Вардар и на неа не е интервенирано туку е објавена целосно. “

Арно ама, ако отворите на профилот на РК Вардар ќе видите друга вистина:

Европскиот првак Вардар беше примен и од премиерот и претседателот на државата, и од градоначалникот на Скопје. Премиерот Зоран Заев објави дека покрај наградата од 100.000 евра што ја објави град Скопје, исто толкава награда ќе биде обезбедена и од Агенцијата за млади и спорт, а од Владата ќе стигне награда од 500.000 евра.
Фото: Денис Дуковски

Исто така и Шилегов изреволтиран ја објави оваа фотографија:

Во интерес на вистината:
Стојанче Стоилов е на една од заедничките фотографии. Нека не се шири невистина. Оваа фотографија (од мобилен) ја додавам во денешниот албум, а постот нека стои. Немаме потреба од било какви делби. Славиме луѓе. Европски шампиони !!!
Напред Вардар !!!
П.С. Сликата ја (ре)објавувам, заради шпекулации дека Стоилов одбил да се слика

Дека навидум проверените информации треба да се проверат уште еднаш и сами се уверивме, па го дополнуваме текстот .

Ситауцијата погоре до некоја мера е и точна, барем тоа дека сликата не е едитирана.

Сликата навистина е објавена на профилот на Вардар но е прикачена од мобилен телефон и постои можност авторот на сликата ненамерно да не го ставил Стоилов во кадар обидувајки се да ја избегне главата на фотографот во десниот ќош. Постојат уште неколку причини но нема да навлегуваме толку детално.

Ситуацијата ја искористуваат неетичките портали вадејки бомбастична информација и (намерно или не намерно) ширејки неточни и манипулативни информации.

Истата ситуација е и со плакетата со признание за Ракометниот клуб од владата. Уште полошо е што ваквата лажна информација ја шират и пратеници.

– “Плакетата ја земавме, еве ја во моментов пред мене” – одговорил на новинарско прашање извршинот директор на РК Вардар, Давор Стојановски.

Ваквата информација е потврдена и од Владата.

„Управата на РК Вардар го прими и го зеде со себе доделеното признание и секоја поинаква информација за ова прашање е лажна вест“, одговориле од Владата.

Ова е само еден пример, односно два колку лесно може лажната информација да стане “вистина” и да предизвика непоребен револт кај читателот (на некого може тоа му е целта) ама во таа тема нема да навлегуваме.

Ве советуваме секогаш да ги проверите информациите кои ви ги пласираме, вклучувајки и информациите кои ги читате на нашиот сајт каде што политика има многу малку, скоро ич 🙂 што незначи дека тоа нема да се смени бидејки најмногу кликови се добиваат токму од политика а тоа е целта на сите портали.

www.gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here