Ликот на компјутерски гениј кој беше кастриран зошто бил геј, ќе биде на нова банкнота

Алан Туринг, англиски математичар и компјутерски научник кој по Втората светска војна беше осуден според застарени хомофобични закони, ќе се најде на новата британска банкнота од 50 фунти.

Гувернерот на Англиската банка Марк Карни објави дека ликот на Туринг, кој почина во мистериозни околности во 1954 откако беше подложен на хемиска кастрација, ќе биде на новите банкноти што ќе бидат пуштени во промет до крајот на 2021 година.

Loading...

Алан Матисон Тјуринг е роден 23 јуни 1912  и дал голем придонес во развојот на информатиката, формализирајќи ги концептите за алгоритам и пресметки со т.н. Тјурингова машина, која одиграла значајна улога во создавањето на современиот компјутер. Тјуринг на широко се смета за татко на информатиката и вештачката интелегенција. Бил прилично слаб, со многу пискав глас, зборлест и многу духовит.

Тјуринг е овековечен во името на престижната Тјурингова награда, која се смета за информатички еквивалент на Нобеловата награда.

За времетраењето на Втората светска војна, Тјуринг работел во владата на Британија во одделот на Кодови и шифри. Некое време тој бил префрлен во Колиба 8, сектор кој бил одговорен за германските криптоаналитичари.

Тој смислил голем број на техники за пробивање на германските шифри, вклучувајќи го и методот “the bombe”, електромеханичка машина која би можела да најде начин на работа на Енигма машината.

После војната тој работел во Националната Лабораторија за Физичари,каде што креирал еден од неговите први дизајни за сметачи кои ги чуваат програмите наречен ACE (Automatic Computing Engine).

Во 1948 Тјуринг се приклучил во сметачката лабораторија на Макс Њуман во универзитето во Манчестер, каде придонел во изработката на сметачи „Манчестер“ и почнал да се интересира за математичка биологија. Тој напишал книга за хемиската основа на морфогенезата, и предвидел осцилирачки хемиски реакции како што се Белоусов-Заботински реакцијата, кои за првпат биле забележани во 1960-тите.

Тјуринговото декларирање како хомосексуалец резултирало со кривично гонење во 1952 година, кога хомосексуалните акти сеуште не биле легални во Обединетото Кралство.

Тој прифатил третман со женски хормони (хемиска кастрација) како алтернатива за да не оди во затвор.

Тој умрел во 1954 г од труење со цијанид само две недели пред неговиот 42 роденден. Некои докази тврдат дека тоа било самоубиство. Неговата мајка и некои други веруваат дека неговата смрт била случајна. На 10 септември 2009 година, по интернет кампања, британскиот премиер Гордон Браун упати официјално јавно извинување од страна на британската влада за начинот на кој Туринг беше третиран по војната.

Извор: twiter, википедиа, gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here