АРМИЈА НА РМ: Македонија и Германија се целосно без заштита од вонземјани!

Минатиот месец Дојче Веле објави информација дека Германија нема план во случај на контакт со вонземјани. Изгледа и Македонија нема никаков план за ваков вид на средби од вонземјани, “Член 1 – Институт за глобални политики” објави одговор од домашното Министерство за одбрана, за тоа дали Македонија има ваков протокол. Во дописот, добиен преку алатката за пристап до информации од јавен карактер, одговорот е негативен.

„Министерството за одбрана преку Генералштабот на Армијата на Република Македонија, во своите анализи не разгледувало варијанта за развој на протокол (план) во случај на контакт на екстратерестријални битија“, стои во одговорот на Министерството за одбрана со печат и потпис на одговорните.

Loading...

Претходно, Дојче Веле објави истражувања кои покажуваат дека доколку се појават вонземјани, луѓето би биле среќни да ги запознаат. Според испитувањата, голем број Германци веруваат во живот надвор од Земјата, но, истовремено, Германија не поседува документ за постапување во случај на средби со екстратерестријални битија.

„Германската влада смета дека таков настан е екстремно тешко да се случи според научните сознанија“, соопшти германското Министерство за економија.

Медиумите веќе пишуваа дека за разлика од Германија, САД се поподготвени за вселената. Доналд Трамп најави „вселенски сили“ („space force“) во рамки на војската, додека САД веќе има „Space Aggressors Squadron“ – дел од воздухопловните сили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here