Марихуаната е најчесто употребуваната дрога кај младите ширум целиот свет. Во повеќето држави е докажано дека еден од три возрасни лица, некогаш во животот конзумирал марихуана.

И покрај легализацијата на марихуаната во голем број земји од светот, факт е дека користењето на оваа дрога може да предизвика различни проблеми со здравјето.

Loading...

Потенцијалните потешкотии кои ќе ги сноси еден корисник на марихуана зависат од два фактори. Првиот е возраста на лицето кое конзумира. Конзумирањето марихуана под 18 годишна возраст (додека е клучниот период за развивање на мозокот) делува така што го спречува развојот на белата маса во мозокот која се состои од аксиони. Вториот фактор е шаблонт на конзумирање на дрогата. Колку често лицето конзумира, во колкави количини и колку долго.

Ефектот започнува речиси веднаш и може да трае од 1 до 3 часа (во зависност од испушената количина).

Кога се зема во колачиња (muffins, cookies) потребно е подолго време за да се појават ефектите – но, најчесто трае подолго.

Како оваа дрога му влијае на менталното здравје?

На корисниците на дрогата марихуана често им се случува да имаат недостаток на мотивација. Некои дури се депресивни или покажуваат други знаци на ментални заболувања. Додека оваа дрога заземаше замав во претходните 3 децении, научниците беа премногу зафатени истражувајки дали оваа дрога е лек или пак е штетна по менталното здравје. Резултатите покажаа дека конзумирањето марихуана го зголемува ризикот од хронична депресија и го зголемува ризикот од шизофренија.

Истражување во Шведска извршено на 50,000 војници докажало дека конзумирањето марихуана во адолесенција го зголемува ризикот за развивање на шизофренија за 30%. Се докажало и дека ризикот се зголемува како што се зголемува и количината на конзумирана марихуана.

Краткорочните ефекти од користење марихуана се:

  • Нарушена перцепција
  • Проблеми со меморијата и учењето
  • Намалена способност за координација
  • Проблеми со размислувањето и решавање на проблемите
  • Забрзано чукање на срцето и проблеми со крвниот притисок.

Понекогаш марихуаната може да предизвика нервоза, стравови, недоверба и панични напади.

1. Ефекти врз мозокот. Кога станувате подолгорочен корисник на марихуна може да се соочите со:

  • Халуцинации
  • Дезориентација
  • Нарушена меморија
  • Илузии

2. Ефекти на срцето. Неколку минути по пушење на марихуаната, срцето започнува забрзано да чука и крвниот притисок опаѓа.

Марихуаната може да го забрза отчукувањето на срцето за 20 до 50 пати во минута, а доколку истовремено се земаат и други дроги дури и повеќе.

Заради намалениот крвен притисок и зголемената брзина на отчукување на срцето, истражувачите дошле до заклучок дека кај корисниците на марихуана ризикот за срцев удар е 4 пати поголем.

3. Ефекти на белите дробови. Пушењето марихуана може да предизвика трнење и сушење на устата и грлото како потешка кашлица.

Научниците покажеле дека оние кои редовно пушат марихуана можат да имаат исти респираторни проблеми како и пушачите на цигари вклучувајќи:

  • Дневна кашлица
  • Зачестени акутни болки во градите
  • Зголемен ризик од инфекции на белите дробови
  • Потешкотии во дишењето

Марихуаната содржи повеќе канцерогени состојки од тутунот, а бидејќи најчесто димот се задржува подолго и се вдишува подлабоко, белите дробови на пушачите на марихуаната се поизложени на канцерогени заболувања.

Со помош на многу истражувања ни стана јасно дека марихуаната има негативен ефект врз менталното здравје. Некои истажувачи веруваат дека менталните последици од конзумирањето марихуана како што се тешкотии во едуцирање и неспособноста за работа предизвикуваат депресија кај корисниците на оваа дрога. Други истражувачи веруваат дека марихуаната има хемиски ефект на центарлниот нервен систем и го отежнува функционирањето на меморијата, емоциите и когнитивните ментални процеси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here