Марш на сексуалните работнички против насилството

0
37
Фото: Скопје инфо

Денеска на улицата Македонија во Скопје, по десетти пат се одржа маршот на сексуалните работнички за нивните права, под мотото „Декриминализација сега“.

Организатор на овој марш е граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“ во коалиција со „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Loading...

,,Со пораката: ,,Декриминализација сега!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација”, .

„Сексуалните работнички го креваат гласот против насилството. Имаме резултати после десет години има силна заедница и поддржувачи и горди сме за тоа. Но, нема слух од институции, професионални социјални служби и полиција. Ве молиме да ги тргнете на страна предрасудите и осудите“, порачаа од маршот на сексуалните работнички кои беа со црвени чадори.

Фото галерија тука: Скопје Инфо

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here