Мики Маус наполни 90 години

0
39

,,КОГА ЛУЃЕТО МУ СЕ СМЕАТ НА МИКИ МАУС, ТОА Е ЗАТОА ШТО ТОЈ Е ТОЛКУ ЧОВЕЧЕН. ВО ТОА Е ТАЈНАТА НА НЕГОВАТА ПОПУЛАРНОСТ.”

Најпознатиот јунак на Волт Дизни вчера полни 90 години. Неговото влијание врз поп културата е неизмерно. Црвените панталони и големите жолти чевли ја изградија кариерата на Дизни, а по него следуваа и сите останати ликови кои го збогатија детскиот свет. Во тоа име, ви претставуваме неколку интересни детали од неговата биографија.

Loading...

Светот за првпат го запозна на 18 ноември 1928 година, во анимираниот филм насловен ,,Парабродот Вили’. Тоа e првиот цртан филм со звук во продукција на Дизни, а Мики Маус првиот лик кој го синхронизира, позајмувајќи му го сопствениот глас се’ до 1947 година. Создаден е како плод на соработката помеѓу Волт Дизни и Уб Иверкс, а првобитно било планирано неговото име да биде Мортимер Маус. Сепак, сопругата на Дизни не била воодушевена од идејата, сметајќи го името за препотентно и премногу женствено, па, така, следниот предлог бил токму Мики.

 

Инспирацијата за ликот Дизни ја пронашол во вистинско глувче кое живеело со него во студиото во Канзас Сити, каде воедно се настанати и првите анимирани филмови. Целиот свој живот, Дизни потсетува дека сиот професионален успех му го должи токму нему. Година дена по појавата на телевизија, Мики ги добива и препознатливите бели ракавици, а неговата огромна популарност доведува до тоа, од 1932 година Академијата да доделува награди и за најдобар анимиран филм. Истата година, ,,Дизни’’ освојува две позлатени статуетки за ,,Silly Symphonies” и ,,Flowers and trees“.

Другарот Пајо Патор го добива во 1934 година.

Мики ужива во друштво на Пајо Паторот и Шиљо, а не се одвојува и од неговиот миленик – песот Плутон. Љубовта на неговиот живот е Мини, која му влева самодоверба и храброст праведно да се бори против сите зла во светот.

Во 1935 година Мики Маус првпат се појавува во боја, а набрзо по првата филмска улога претставени се и првите производи со неговиот испечатен лик. Глувчето од анимираните филмови и стрипови, денес е икона на студиото ,,Дизни’’, но и еден од најпрепознатливите симболи во светот.

Мики Маус е единствениот лик од цртаните филмови, кој има своја ѕвезда во Булеварот на славните во Холивуд.

Дизни по повод роденденот струмува 24 часовна програма во живо на нивниот јутјуб канал:

https://www.youtube.com/watch?v=RTz61Kx5aDE

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here