МРТ го избра претставникот за Евросонг 2019



Македонската радио телевизија ги разгледа условите и обврските кон ЕБУ кои Јавниот сервис ги добива со потпишување на апликцијата за учество на оваа етаблирана манифестација. Истовремено ја разгледа и временската рамка на обврските и одлучи оваа година да се прифати моделот на изведувач(и) – автор(и).

Во таа насока, МРТ донесе одлука: Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019. Во моментов се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот ЕВРОСОНГ.

Во нејзин фазон како и секогаш, Тодевска дополни дека не мечтае да биде прва, но себе си се гледа на второто место, публиката нормално дека ќе го очекува највисокото место за Македонија, но самата таа очекува да го освои токму второто место.

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел.

Фото:Инстаграм

Тамара Тодевска, биографија

Loading...

За Тамара атрибутот „родена за музика” е нешто што најдобро го опишува нејзиното долгогодишно опстојување на поп сцената, од нејзиниот прв настап на 6 годишна возраст до ден денес.

Таа е родена во семејство на музичари: мајка оперска пејачка, татко професор на музичката академија во Скопје и сестра која е позната балканска поп пејачка, Тијана Дапчевиќ, која исто така ја има претставувано Македонија на Евровизија во 2014 г

одина.

За Тамара ова не е прво искуство на Евровизиската сцена. Таа заедно со поп артистите Врчак и Адријан Гаџа ја претставуваше Македонија во Белград 2008 година со песната “Let me love you”. Исто така, како придружен вокал, на евровизиските натпревари настапи и со Тоше Проески во 2004 година и со сестра и’ Тијана Дапчевиќ во 2014 година.

Тамара има успешна соло кариера со издадени 2 албума и огромен број синглови и соработки.

Интересен е фактот дека Тамара има голем број фестивалски настапи во земјата и регионот и постои анегдота во која се вели дека е „вечно втора” и токму поради тоа, како што самата шармантно вели, оваа позиција е најмалку нејзина цел и оваа година.

Добитничка е на голем број награди за хит на годината, албум на годината и пејачка на годината, а нејзините песни се одлично прифатени од публиката и стануваат безвременски хитови.

Еден од мотивите за настапот оваа година на Евровизија, покрај тоа што ќе има сериозно победничка песна, е тоа што сака нејзините две деца и сопругот да ја гледаат на телевизија на Евровизиската сцена.

Фото:Инстаграм

Извор: мртв

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

91 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments