Научници од САД направија батерии базирани на вода кои не можат да се запалат

Истражувачи од Универзитетот Мериленд создадоа нова цинкова батерија базирана на вода која е многу побезбедна од литиум-јонските батерии. Тимот искористил елементи од стара технологија за цинкови батерии во комбинација со електролити од солена вода за да креира батерија која не може да се запали.

Loading...

„Батериите базирани на вода може да бидат суштински во спречувањето пожари кај електронски уреди, додека нивниот капацитет за складирање енергија беше ограничен, барем досега. За прв пат ние имаме батерија која го има истиот капацитет како литиум-јонските батерии без ризик од експлозија или пожар“, изјави првиот автор на студијата, Феи Ванг. Нивниот труд беше објавен во списанието Nature Materials, пишува Inhabitat.

Едно од најбитните подобрувања на батеријата во споредба со традиционалните батерии е способноста да го одржува постојан протокот на струја и волтажата без да се намалува по подолго користење. Тоа е овозможено со техника која ја менува структурата на позитивно наелектризираните цинкови јони во батеријата. Освен што може да се користи кај потрошувачка стока, батеријата може да биде од непроценливо значење за истражувања на вселената или подморскиот свет.

Водено-солената природа на цинковата батерија ја елиминира потребата од заменување на испарената вода во батеријата, што е клучен проблем кај цинковите батерии. Моменталните цинкови батерии се безбедни и релативно евтини, но не се совршени затоа што имаат краток животен век и мал капацитет. Истражувачите од Мериленд веруваат дека овој нивен изум и сличните откритија може да бидат применливи во други технологии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here